Буџет за сите – разговор со граѓаните од Норово и Бучин

Претседателот на советот на општина Крушево Тома Петроски и советничката од ВМРО ДПМНЕ Александра Мијалевска Стефановска ќе бидат дел од настанот „Буџет за сите“ на Фајненс тинк кој има за цел да ги вклучи граѓаните од населените места во креирањето на буџетот за наредната година.

Ова е втор проект кој општина Крушево го спроведува со Фајненс тинк, а се однесува на вклучување на граѓаните во креирањето на буџетот и транспарентно трошење на јавните пари.

Првите две дискусии со граѓаните ќе се одржат во с. Бучин оваа сабота со почеток во 10 и 30 часот, а во 13 истиот ден во с. Норово. Поканети се сите граѓани активно да се вклучат во разговор за тоа на кој начин треба да се трошат финансиите.