Спортската сала станува современ и одржлив објект

Продолжуваат градежните активности во спортската сала, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски беше на увид во работите.

Во салата се работи на инфраструктура за систем за греење и ладење, а веднаш по завршувањето ќе се постави опремата за теретана.

„ Во тек се градежни работи: се поставува нова фасада, ново иновативно греење и инсталација за гас, ново осветлување, преградување, изолации за довод на струја, топли влезови, уредување на кровот, уредување на просторот за теретана, соларни системи и сл.Со ова за многу краток период општина Крушево добива репрезент, комплетна функционална целина во спортската сала за повеќе спортови, големи меѓународни натпреварувања и нивни подготовки.“; изјави градоначалникот Христоски.

Инфраструктурата за систем за греење и ладење е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, пот проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.