Институциите функционираат, граѓаните да ја почитуваат забраната за движење во шума

Советот на Општина Крушево на 12.08.2021 година, одржа вонредна седница со единствена точка на дневен ред:

  1. Информација за безбедноста и сигурноста на граѓаните на подрачјето на Општина Крушево во услови на прогласена кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, предлог на мерки и активности во насока на превенција, односно заштита од пожари и евентуално справување со пожарите.

На седницата покрај членовите на Советот присуствуваа: Градоначалникот на Општина Крушево и претставници од Центарот за Управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Полициска станица Крушево, ЈП „Липа“ Крушево, ТППЕ-Крушево, Шумска полиција и ЈП „Комуна“ Крушево.

Констатирано е дека надлежните институции функционираат заеднички и координирано согласно препораките од Републичкиот кризен штаб и согласно мерките и активностите што се предвидени со прогласената кризна состојба на територијата на целата Република. До сега состојбата со пожарите е под контрола и продолжува истата да се следи.

Апелираме до граѓаните на Општина Крушево да се придржуваат до донесените мерки за забрана за движење во шума се до крајот на кризната состојба, односно до донесување на друга одлука.

Со почит,Крушево,
12.08.2021 година.
Совет на Општина Крушево