Вонредна седница на советот во четврток

Советот на општина Крушево утре, четврток во 10 часот, ќе одржи вонредна седница со една точка на дневниот ред:

„Информација за безбедноста и сигурноста на граѓаните на подрачјето на општина Крушево во услови на прогласена кризна состојба на територија на Република Северна Македонија, предлог на мерки и активности во насока на превенција односно заштита од пожари и евентуално справување со пожарите.

Седницата се свикува на иницијатива на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, а истата ќе се одржи во салата за состаноци во горната училишна зграда.

Во прилог решението за свикување на 75-тата седница: