Вечерва програма за најмалите, одлична „унгарска“ вечер

Во рамки на 8-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ се одржа т.н. „Унгарска вечер“, а вечерва не очекува програма за најмалите – фестивал „Весели ѕвончиња“.

Гостите од Унгарија ги претставија традиционалните песни и танцови на „летната сцена“, а се претставија и со музика на повеќе јазици како симбол на мултиетничноста и големиот број народи кои живеат во државата.

Вечерва на „летна сцена“ ќе се одржи детскиот музички фестивал „Весели ѕвончиња“ кој ќе започне во 21 часот.