4-ти ден: Вечер на влашки песни

Се одржа „Вечер на влашки песни“ на која беа претставени уникатните влашки песни во изведба на неколку здруженија и граѓани Власи.

На почетокот на настанот се обрати градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој го отвори настанот и изрази задоволство што секоја година влашката култура се презентира пред туристите.

Драго ми е што сум денес тука и имам прилика да го отворам овој 4-ти ден од Десет дена Крушевска Република. Влашката култура, влашките верувања, влашкиот начин на живот, вашите обичаи отсекогаш биле нераскинлив дел од Крушево. Тоа се потврди и во Илинденското востание кога сите народности застанале сложно, заедно и единствено за да го спасат Крушево и да ја прогласат првата република на Балканот.“, изјави градоначалникот Христоски.

Вечерва во рамки на „Десет дена Крушевска Република“ не очекуваат уште два настани:

19:00 Театарска претстава „Мендо и Мајло“ на летна сцена
21:00 Концерт на Skopje JazzInc пред споменикот Македониум