Ликовна изложба, модни креации и „Музички спектакл“

Третиот ден од Манифестацијата Научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ помина во знакот на ликовната уметност, презентација на модни креации и музички концерт во чест на Тоше Проески.

Влатко Груевски и Андреј Наунов, летна сцена (03.08.2021)

Пред споменикот Македониум се одржа ликовна изложба и презентација на модни креации подготвени од студенти од Технолошко техничкиот факултет, катедра за архитектура и дизајн при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Модните креации беа претставени од учесници од факултетот и млади од Крушево.

Ликовна изложба и модни креации, споменик Македониум, 03.08.2021

Веднаш по завршувањето на овој настан на т.н. „летна сцена“ во рамки на Музејот на НОБ се одржа концерт насловен како „Музички спектакл“ од Влатко Груевски тенор и Андреј Наунов на пијано. Концертот како и секоја година е посветен на музичката ѕвезда Тоше Проески.

Влатко Груевски и Андреј Наунов, летна сцена (03.08.2021)

Денес, во рамки на 4-от ден од Манифестацијата, ќе се одвива програма на влашката заедница со почеток во 20 часот на летна сцена.

Share
error

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!