Љубојна на отворањето на „Десет дена Крушевска Република“

Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ 2021 ќе започне со настап на бендот Љубојна. Отворањето ќе се одржи на Гумење и ќе започне во 20 часот.

Манифестацијата ќе започне со обраќање на претседателот на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ Томе Христоски, а на полноќ ќе следи импровизиран напад над Крушево како симбол на почетокот на слободата на илинденско Крушево.

Овогодинешната програма е исполнета со разновидни музички, културни и спортски настани за кои тековно ќе ја известуваме јавноста.