Честит Курбан Бајрам

Почитувани припадници на исламска вероисповед,

Го честитам празникот Курбан Бајрам и посакувам да ги поминете овие свети моменти во мир, здравје, разбирање и среќа.

Секоја религија не’ учи на верба, на добрина, меѓусебно разбирање и прифаќање. Моите сограѓни се пример за тоа и овие празници дополнително не’ зближуваат.

Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.