„Крушево низ корија“ на 14 и 15 август

Фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ оваа година ќе се одржи на 14-ти и 15-ти август, а општината ќе го поддржи овој настан како и секоја година.

Денеска градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со организаторите на „Крушево низ корија“ на која беше претставена програмата за оваа година и периодот на одржување. Фестивалот содржи тури со велосипед и вечерна забава, а истиот привлекува стотици туристи секоја година.

„Летото полека започнува и настаните се рестартираат. „Крушево низ корија“ ќе се одржи во август и драго ми е што продолжуваме со активностите кои најмногу привлекуваат туристи во нашиот град. Овој фестивал на отворено е уште еден настан кој со години се одржува тука и содржи адреналински активности и вистинско доживување на природата на Крушево.“, изјави градоначалникот Христоски по средбата.

Share
error

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!