Акредитирани воени аташеа во посета на Крушево

Градоначалникот на  Општина Крушево оствари средба со полковник Жарко Ристески, командант на Касарната „Мирче Ацев“ и со акредитираните воени атешеа од 13 држави во РМ кои по покана на Градоначалникот ја посетија општина Крушево.

Градоначлникот ги запозна акредитираните воени атешеа со работава на локалната самоуправа, со тековните и идни проекти кои ќе бидат реализирани, историјата и развојот на градот како и туристичките потенцијали на ова туристичко место.

„Целта на оваа  посета е пред се запознавање со градот и локалната самоуправо но и размена на искуства и практики кои се надевам ќе ни помогнат во реализирање на идни заеднички проекти“ – истакна Градоначалникот Дамчески.

Тие, меѓу другото ги посетија и спомен куќата на Тоше Проески , споменикот „Македониум“ и Леарницата во која е изложено оружје кое се користело за време на Илинденското востание со што одблиску се запознаа со дел од историско-културните знаменитости на Крушево.