Овој петок голема акција за чистење

Во петок, на 7-ми мај, на три локации во град Крушево ќе се одржи голема акција за чистење која ќе опфати три локации. Се повикуваат сите граѓани да се приклучат на оваа активност која се спроведува во рамки на т.н. „Генералка викенд“ организирана од страна на организацијата „Мен енд Маунтин“ (Man and Mountain), а поддржано од ЕУ за тебе, Пакомак, ЕВН, Витаминка и други.

Оваа акција паралелно се спроведува во 10 општини во престојниот викенд, а ова не е прва акција во која е вклучена општина Крушево. Логото за оваа акција е „За чисто како дома исто“.