Ќе се реновира училиштето во Борино, проект за меѓуетничка интеграција

Ќе се реновира подрачното училиште во с. Борино во рамки на проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), компонента 3-обезбедување стимул на училишта /реновирање. Реновирањето на училиштето доаѓа како резултат на вклученоста во погоренавендениот проект, односно во активности кои опфаќаат унапредување на меѓуетничката интеграција на младите преку образованието.

Покрај реновирањето на училиштето кое опфаќа нов кабинет за настава, канцеларија за наставници и тоалети, ООУ „Никола Карев“ ќе продолжи со активности за унапредување на меѓуетничката интеграција како што е предвидено во проектот.

„Во духот на меѓуетничкиот соживот и зајакнување на меѓуетничката интеграција добивме средства за реновирање на подрачното училиште во с. Борино. Ова значи дека учениците ќе добијат подобри услови за учење и средина исполнета со содржина и од сегашните лоши услови училниците ќе добијат нова намена. Драго ми е што го исполнуваме ветеното, а тоа е да ги подобруваме условите во образованието насекаде низ општината“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Реновирањето ќе ги опфати следните работи: ѕидарски, бетонски и армирано бетонски, армирачки, кровопокривачки, изолатерски, столарски, лимарски работи, подови, ќерамички, водовод и канализација други.