Објавен тендер за реконструкција на кровот и спортската сала во ОУ „Никола Карев“

Министерство за образование и наука го објави тендерот за реконструкција на кровот и спортската сала во ООУ „Никола Карев“.

Во јануари месец општина Крушево објави дека Ресорното министерство оддели средства за оваа намена со што по многу години конечно ќе се реши проблемот со кровната конструкција, а учениците ќе добијат квалитетен простор за фискултура.

Огласот за јавна набавка можете да го погледнете на следниот линк.