Се чистат улиците од наносите на снег

ЈП „Комуна“ Крушево од утрово е на терен со расположлива механизација и работи на расчистување на наносите од снег.

„Во моментов работиме во градот, а ќе продолжиме во населените места доколку има потреба. Работиме и на попрометните улици, но и на споредните. „Комуна“ работи според соодветна планска програма, но во предвид се земаат потребите на бизнисот, граѓаните и во постојана комуникација со полициската станица во Крушево.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.