Советот со заклучок да се свика седница на кризниот штаб

На денешната седница на советот на општина Крушево се разгледа барањето на советничката група на ВМРО ДПМНЕ за преземање дополнителни мерки во насока на спречување на ширење на коронавирусот и беше донесен заклучок да се свика седница на општинскиот кризен штаб.

Седницата на штабот ќе се одржи во вторник, 16.03.2021, во просториите на домот на култура „Наум Наумовски Борче“ со почеток во 13:30 часот.

Расправата се водеше во присуство на директорката на здравствен дом Крушево Зорица Трајчулеска и командирот на полициската станица Никола Божиноски, кои излегоа со свои мислења и предлози.