Реконструкција и паркинг на дел од улица Питу Гули

Министерство за транспорт и врски објави тендер за реконструкција на дел од улица Питу Гули, односно од црквата Св. Троица до регионалниот пат Крушево – Демир Хисар, и изградба на паркинг простор.

Овој проект е во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.

„Продолжуваме со градежната офанзива како во градот , така и во населените места. Распишан е тендерот преку Светска Банка и Министерството за транспорт и врски за реконструкција на локални улици и патишта во општина Крушево. Прва за реконструкција ќе биде дел од улицата ,,Питу Гули”, на потегот од Црква Св.,,Троица” до раскрсница и вклучување со улицата кон х.Монтана. Следува реконструкција на локален пат Врбоец – Кривогаштани и ул.,,Коча Миленку”. Крушево се гради, Крушево се менува!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Огласот за јавна набавка е објавен на следниот линк.