Теретана и машина за подно чистење во спортската сала

Спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево ќе се опреми со високо квалитетна теретана и ќе се набави машина за подно чистење. Овие активности се во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност кои добија зелено светло за финансирање.

Ова е едно големо барање на крушевчани, особено на младите затоа што Крушево не располага со јавно достапна теретана за вежбање.

Машината која ќе се набави е една направа која ќе го одржува подот во спортската сала на долг рок.

Опремувањето на теретана и набавка на конкретната машина е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, пот проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.

Општина Крушево ги известува граѓаните на општина Крушево дека најавеното поставување на систем за греење и ладење во салата нема да се реализира. Општина Крушево не доби одобрување за реализација на оваа активност заради краткиот рок до завршување на проектот, период во кој не е возможно да се реализира проектот.