Нова донација од маски за Крушево

Нова донација од заштитни маски од турската компанија Алим пристигна во Крушево. Се работи за нови 35 пакети од маски со околу 80 000 маски.

Ова е втора донација од заштитни маски за општина Крушево, а како и минатата донација маските ќе се распределат и на општина Долнени.

Во текот на вчерашниот ден од Советот на општина Крушево излегоа со апел за строго почитување на мерките и препораките во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.

„Битката со коронавирусот се уште не е завршена и секојдневно се забележуваат нови случаи на Ковид 19. За состојбата со вирусот сме сите заедно одговорни и затоа уште еднаш апелираме на строго почитување на мерките и препораките.

Вакцинација на здравствените работници започна и во Крушево, но паралелно со тој процес наша должност е да носиме маска, не се групираме и се дезинфицираме.“, стои во соопштението на Советот.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!