Од оваа криза ќе излеземе како победници ако се однесуваме одговорно

Почитувани,

Битката со коронавирусот се уште не е завршена и секојдневно се забележуваат нови случаи на Ковид 19. За состојбата со вирусот сме сите заедно одговорни и затоа уште еднаш апелираме на строго почитување на мерките и препораките.

Вакцинација на здравствените работници започна и во Крушево, но паралелно со тој процес наша должност е да носиме маска, не се групираме и се дезинфицираме.

Апелираме и до туристите кои викендот што следи ќе бидат во Крушево. Апелираме на одговорност во интерес на заедничкото здравје.

Од битката со коронавирусот ќе излеземе како победници само ако се однесуваме одговорно.

#ДаСеЗаштитиме

Со почит,
Совет на општина Крушево.