Во понеделник одбележување на денот на раѓање на Тоше

Во понеделник, 25.01.2021г, со полагање на цвеќе ќе се одбележи денот на раѓање на Тоше Проески. Одбележувањето на овој ден нема да понуди други содржини заради состојбата со коронавирусот.

„Годинава нема да подготвуваме настан како минатата година, но во 11:25 ч. ќе положиме цвеќе и ќе оддадеме почит на нашиот Тоше. Денес тој има достојно почивалиште, но загубата е голема и непоправлива за Крушево, неговите пријатели, семејството и фановите“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.