Во 2020-та заштеда од над 2 милиони денари за улично осветлување

Општина Крушево заштеди над 2 милиони денари за улично осветлување во 2020 година, додека општината е подобро осветлена со многу повеќе сијалични места и брза и ефикасна промена на сијалици која доаѓа на барања на граѓаните.

Оваа заштеда од 2 363 863 денари доаѓа по поставувањето на нови сијалици кои се поекономични. На територија на општина Крушево во изминатите три години се поставени нови линии на осветлување, особено во населените места каде што на одредени места немало.

„Во изминатите 3 години го реконструиравме уличното советлување. Во центарот на Крушево, хотелската зона, „Гумење“ и други локации поставивме ЛЕД сијалици и со тоа придонесовме за заштита. Исто така, во населените места поставивме и нови линии на осветлување во должина од десетици метри. Тамошните жители конечно добија пристојно осветлување. Така што и покрај зголемениот број на сијалични места нудиме поквалитетна и брза услуга и плаќање над 2 милиони денари помалку.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.