Отворен нов сместувачки објект, општината ја засилува поддршката за туристичкиот сектор

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на отворањето на уште еден сместувачки капацитет во Крушево и потврди дека општина Крушево го поддржува приватниот сектор.

„Присуствував на отворањето на уште еден сместувачки капацитет. Крушево има иднина во туризмот и отворањето на се повеќе вакви објекти покажува дека граѓаните се повеќе го наоѓаат своето место во туризмот. Минатата година беше тешка за туризмот. Локалните угостители претрпеа големи загуби, но се трудевме да бидеме поддршка и да им помогнеме да го пребродат период. Оваа година изгледите се оптимистички и локалната самоуправа ќе продолжи со зголемена поддршка.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во втората половина од 2020-та година во Крушево се отворија неколку нови капацитети, а дел од издавачите ги проширија постоечките.