Најважно е да се почитуваат мерките, се преземаат чекори за спречување на Ковид-19,

Општина Крушево продолжува со преземање мерки за спречување на ширење на Ковид-19, покрај останатите проекти.

Во наредниот период ќе биде обезбедена дополнителна количина на маски, а тековните мерки ќе продолжат да се спроведуваат.

„Обезбедуваме и нови донации на маски затоа што сакаме луѓето да бидат заштитени. Така наречениот пик го поминавме, но заразата се уште постои и затоа покрај мерките што ги преземаме најгласни се препораките сите ние да се однесуваме одговорно.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Претходно, за општина Крушево и општините Кривогаштани, Пласница и Долнени беа обезбедени околу 100 000 маски, а здравствениот дом со поддршка на Министерство за здравство започна со тестирање во насока на детектирање на нови случаи и поефикасно спречување на ширењето.