Ќе се реконструира дел од водоводната мрежа на град Крушево

Општина Крушево ќе реконструира дел од водоводната мрежа на град Крушево со пренаменети средства од ТАВ Македонија, а со одлука на влада.

Се работи за дел од водоводната мрежа од споменикот Наум Наумовски Борче (место познато меѓу граѓаните како Тагас) до регионалниот пат Крушево – Демир Хисар. Целосната сума изнесува
16.203.160 денари, а општина Крушево веќе има изработено основен проект.

„Решаваме децениски проблем. Овој дел од водоводната мрежа ќе биде реконструиран и со тоа ќе обезбедиме редовно водоснабдување и безбедна вода за пиење. Соработката со Владата резултира со вака големи и многу важни проекти за сите граѓани. Продолжуваме со работа!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.