Започнува опремувањето на мултифункционална сала

Започнува проектот за опремување на мултифункционална сала со вовед во работа на компанијата-изведувач која ќе инсталира аудио и видео опрема.

„Денес официјално започнуваме со овој дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, односно со набавка и монтажа на аудио и видео опрема. Го објавивме и тендерот за набавка на гасеничар и заедно со тоа го крунисуваме овој проект. Нашата цел е оваа зграда да прерасне во културно младински центар каде што младите ќе имаат свој простор да се забавуват и надоградуваат.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Опремувањето на мултифункционална сала е дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!