Донесен буџетот за 2021 година

На 62-та седница на Советот на општина Крушево беше донесен буџетот за 2021 година кој, според предлагачот, предвидува уште поинтензивна градежна експанзија.

И покрај кризата за граѓаните од исклучителна важност беа роектите. 2021-ва година ќе биде уште една година посветена на проекти. Она што е важно е дека во 2021-ва очекуваме да се решаваат децениски проблеми и преку проектите да отвориме нови можности за општината кои досега биле само мисловна именка.“, изјави градоначалникот општина Крушево Томе Христоски.

На седницата советничката Евгенија Јуца поднесе оставка како резултат на нејзино перманентно вработување.

„Горда сум што 3 години бев дел од состав на советот кој донесе многу важни одлуки за граѓаните на општината. Сметам дека направивме многу, иако тоа не секогаш го „промовиравме“. За 3 години заедно со колегите советници и градоначалникот направивме многу и верувам дека преостанатата година од мандатот ќе донесе уште многу убави нешта за граѓаните. Овој состав на советот е навистина амбициозен и со искрен пристап во работата.“, напиша на својот „Фејсбук“ профил досегашната советничка Јуца.

Буџетот за 2021-ва година ќе биде објавен на веб страницата во наредните денови.