Пакетчиња за учениците од 3-то и 4-то одд. од Управата за унапредување на јазиците на заедниците

Денес се поделија пакетчиња на учениците од 3-то и 4-то одделение од ООУ „Никола Карев“, односно на учениците кои отпочнале со изучување на влашки јазик, од страна на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците. При доделувањето на пакетчињата учествуваа и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорката на училиштето Оливера Чавкароска.

На настанот беа испратени честитки и на влашки јазик со желби за среќна и успешна 2021-ва година.

Градоначалникот и директорката одржаа и средба со претседателот на Управата Милутин Станчиќ и советникот Марија Николова на која се разговараше и за развој и промоција на влашкиот јазик во Крушево преку понатамошна интеграција на јазикот во наставата.