Пакетчиња за децата од дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски традиционално подели пакетчиња на децата од дневниот центар со посебни потреби. Се поделија пакетчиња на само неколку деца заради избегнување на групирање, додека на сите деца во згрижувачки семејства пакетчињата ќе им бидат поделени преку Центарот за социјални работи во Крушево.

„Сите сме еднакви и ќе продолжиме да работиме за секој да има еднакви шанси. Ја продолжуваме соработката со центарот за социјални работи и поддршката за згрижувачките семејства. Нека е среќна Новата година.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.