Од денес започнува тестирањето за Ковид-19

ЈЗУ здравствен дом Крушево објави дека од денес започнува да работи Ковид-19 лабораторијата каде што ќе се земаат брисеви.

Ова доаѓа по донацијата на тестови од страна на Министерството за здравство во насока на справување со коронавирусот во општина Крушево.

„ Почитувани, од денес 21. 12. 2020 Здравствен Дом Крушево започнува со тестирање за Covid 19. Закажувањето за тестирање се врши преку Мој Термин.“, објавија од ЗД Крушево.