Како градоначалникот физички напаѓал, а прв го пријавил случајот во полиција?

Почитувани,

Одредени медиуми еднострано пренесуваат информации и одбиваат да ја слушнат и втората страна.

Имено, партијата ВМРО ДПМНЕ ОК Крушево синоќа објави дека наводно градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски физички нападнал граѓанин на општината, односно, како што пишуваат од партијата, член на ОК ВМРО ДПМНЕ Крушево.

Градоначалникот Христоски реагираше веднаш на својот профил и негираше било каква физичка пресметка. Во продолжение статусот на градоначалникот на општина Крушево:

„Почитувани сограѓани,

Како градоначалник и како крушевчанец нема да дозволам никој да се заканува на граѓаните, ниту пак да прави конструкции и да изнесува лаги за политички профит. Помина времето кога врз основа на “силата” на партијата се заканувале, навредувале и тепале, дури и исценирале случаеви во кои напаѓачот се преставувал жртва.Тоа време заврши!

Вечерва немаше никакви “клоци” и “шамари” како што очајно ДПМНЕ Крушево се обидува да прикаже. Вечерва имаше вербална расправија во која цврсто застанав против заканите кон граѓаните од типот “ќе видите вие комуњари кога ќе дојдеме на власт” и други погрдни зборови и провокации.

Ќе продолжиме да го градиме Крушево според концептот “едно општество за сите”, а ДПМНЕ може само да ги брои проектите кои ги реализираме за сите граѓани и за цела општина.

Случајот го пријавив веднаш во полиција заради лична, но и заради безбедноста на сите граѓани.“, напиша градоначалникот на својот профил

Општина Крушево апелира двете верзии од овој настан да се земат во предвид и да се даде еднаков простор. За повтрда на фактите на располагање стои полициската станица во Крушево каде што градоначалникот веднаш го пријавил случајот затоа што навредите ги толкува како закана за себе, неговите деца, семејството и сите граѓани на Крушево кои не се согласуваат со погоре наведената политичка опција.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!