Комуна во Саждево: Оспособување пат и чистење на диви депонии

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ денес е во с. Саждево каде што се работи на расчистување на мини диви депонии и оспособување на пат до земјоделски површини.

Акцијата за расчистување на дивите депонии се проширува и на населените места и со тоа ќе се опфати цела општина со оваа акција.

Истовремено, граѓаните имаат потреба за побрз и полесен пристап до обработливите површини и во таа насока „Комуна“ денес работи на оспособување на нов пат до истите.