„Комуна“ работи на подобрување на транспарентноста

Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер подготви документ со препораки за транспарентноста на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево.

Документот детектира одредени слабости, но вд директорката Станка Ефремова Трајкоска вели дека веднаш се пристапи кон имплементирање на препораките.

„Уште веднаш започнавме со поредовна и двонасочна комуникација со граѓаните. Сите податоците се ажурирани, а „Комуна“ има свој посебен дел за своите соопштенија и информации на општинската веб страница. Имаме и дел за пријавување на проблеми. Но, ова не е доволно, секако, и за тоа ќе продолжиме да ја унапредуваме транспарентноста со цел да обезбедиме подобри услуги и подобро информирање на граѓаните“, изјави Ефремова Трајкоска.

Директорката на „Комуна“ се заблагодари на ЛАГ Агро Лидер за соработката и поддршката за подобрување на транспарентноста на претпријатието.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!