За исфрлање градежен шут да се пријавува во „Комуна“

Почитувани,

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево апелира до граѓаните при исфрлање на градежен шут истиот да не се остава покрај контејнерите, туку пред отстранувањето на ваквиот тип на отпад да се извести претпријатието. Ова известување до „Комуна“ ќе овозможи претпријатието логистички да помогне во соодветно отстранување на отпадот за истото да не се собира околу контејнерите на јавни места.

Пред исфрлање на градежниот шут граѓаните да го контактираат претпријатието на следните телефонски броеви:

048 477 169
070 340 964

„Комуна“ апелира овие препораки да се почитуваат за да се обезбеди почиста животна средина, подобро менаџирање со отпадот и овозможување поубав изглед на градот.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево.