Со рози ќе се пречекаат маратонците дел од ултрамаратонот за Тоше

Крушево утре го одбележува денот на загинување на познатиот пејач крушевчанецот Тоше Проески. Пречекот на маратонците е во организација на општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, други институции и приватни субјекти.

Како и минатата година од влезот на Крушево маратонците ќе се пречекуваат со црвени рози, а на Гумење ќе се пеат песните на Тоше Проески. Маратонците и градоначалникот на општина Крушево ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит.

„Оваа година ќе полагаме цвеќе и ќе оддадеме почит на веќе изграденото вечно почивалиште на Тоше. Конечно успеавме да се оддолжиме барем малку на Тоше, но преку многу настани во негов спомен ќе продолжиме да го негуваме неговиот лик и дело.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.