Родова еднаквост и меѓуетнички односи – претпоследна обука за советниците

Дел од советниците од Советот на општина Крушево овие петок и сабота, 02,03.10.2020г. земаат активно учество во обуките на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Обуката се одржува во хотел Изгрев во Струга и опфаќа 2 модули:

  • Родова еднаквост
  • Меѓуетнички односи

Ова е претпоследна обука од овој проект кој е вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.