Среќен почеток на новата учебна година

Драги ученици,

Ви посакувам успешна и безбедна учебна 2020/2021 година. Ви посакувам овој почеток да биде пријатен за сите вас и со нови знаења и нови искуства успешно да ја проследите цела учебна година.

Оваа учебна година вие и вашите родители ја почнувате во едни несекојдневни околности. Се’ уште се бориме со коронавирусот, но учењето и воспитувањето не смее да запре. Учењето е особено важно во овие кризни периоди кога секој од нас, од најмлад до највозрасен, може да придонесе за нашето општество.

Дел со физичко присуство, дел „онлајн“, важно е сите ученици да добијат знаења кои ќе им служат понатаму во животот.

Ваквите околности ќе ве направат посилни. И вас и вашите родители. Да излеземе од оваа криза што поскоро и одлучно сите вие да грабите кон успехот.

Ви посакувам успешен почеток на учебната 2020/2021 година.

Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.