Избран изведувач за промена на оградата на браната

По спроведената постапка за јавна набавка компанијата ГЕМА-ПЛАСТ БОБИ ДООЕЛ увоз-извоз Росоман е избрана за набавка, транспорт и монтажа на метална заштитна ограда на браната на Крушевско Езеро.

Промената на оградата е од особено значење заради зголемената популарност на езерото по изградбата на пат до ова место, а со постоечката оштетена ограда безбедноста е на пониско ниво.

„По изградбата на патот до Крушевско Езеро граѓаните инсистираа постоечката оштетена ограда да се замени со нова заради големиот проток на луѓе, а особено млади и деца. Успеавме со финансиска помош на НЛБ банка да спроведеме јавна набавка и оваа активност да ја имплементираме целосно.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.