Честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Почитувани,

На сите граѓани Бошњаци им го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците со пораки за здравје и личен успех, пред се’, а секако и како нераскинлив дел од општина Крушево и Република Северна Македонија.

Крушево отсекогаш било пример за мултиетничко живеење, а проектите кои ги реализираме покажуваат дека се трудиме да придонесеме за сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност. За општината денес да биде успешна заслужни се сите граѓани без исклучок, а иднината можеме да ја градиме само со соработка и борба против предрасудите и дискриминацијата.

Уште еднаш, Ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците.

Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.