Со свежо цвеќе пред споменикот одбележан патрониот празник на СОУ „Наум Наумовски Борче“

По повод патрониот празник на СОУ „Наум Наумовски Борче“ градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски положи цвеќе пред споменикот на Наум Наумовски Борче.

Покрај градоначалникот и неколку други делегации со полагање на цвеќе го одбележаа овој ден.

Средното училиште во Крушево секоја година организира мали приредби за одбележување на празникот, но оваа година заради кризата со коронавирусот тоа не се случи.