Јавен оглас за издавање на 3 сувенирници

Општина Крушево објавува оглас за издавање под закуп на три сувенирници на „Гумење“.

Огласот како и образецот за понудатa преземете ги подолу.

Киосците беа поставени во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност и пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево.