Утре, работилница за развој на вело туризмот во Крушево

Почитувани туристички работници, угостители и граѓани,

Општина Крушево во соработка со хотел Панорама & спа во сабота, 26.09.2020, со почеток во 10 часот во ресторанот Алто на ски терените на Станич организира работилница по повод Светскиот ден на туризмот.

На работилницата се поканети сите угостители од Крушево и сите граѓани кои сакаат да придонесат во областа на туризмот. На работилницата ќе присуствуваат директорот за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, претставници на Швајцарската амбасада и десетици велосипедисти од цела држава.

Целта на работилницата е присутните да се запознаат и продискутираат за можностите за развој на вело туризмот во Крушево, што значи вело сместување и генерално потенцијалите што градот ги има за овој тип на туризам.

Доколку временските услови не се погодни работилницата ќе се одржи во хотел Панорама.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!