ЗАПОЧНУВА ИЗРАБОТКАТА НА ПРОЕКТ ЗА ГАСИФИКАЦИЈА

Отпочнува изработката на техничката документација за изградба на систем за гасификација на Крушево

По тендер RFQ 45/2020 за ангажирање проектантска фирма за изработка на техничка документација за изградба на систем за гасификација на Крушево, согласно апликацијата од Општина Крушево, УНДП склучи договор со фирмата Филбис ДОО Скопје.

Техничката документација за изградба на систем за гасификација на Крушево ќе се изработи во рамките на Проектот ,,Градење  на општинските капацитети за имплементација на проекти“, компонента – Фонд за техничка документација, администриран од УНДП, финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА).