Во понеделник 4-та форумска сесија

Во понеделник, 24.08.2020г., во домот на култура Наум Наумовски Борче со почеток во 13 часот ќе се одржи четвртата форумска сесија во рамки на проектот Зајакнување на општинските сесии.

На оваа сесија ќе се гласа за приоритетните проекти кои ќе се финансираат преку обезбедените средства преку Програмата за развој на Обединетите нации.

Форумските работилници се дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.