Технички преглед на спортската сала и партерното уредување

Проектот за реконструкција и проширување на намената на спортската сала е речиси 100% завршен. Денес беше направен технички преглед на салата и партерното уредување.

„Салата е оспособена за сите видови на натпревари, подготовки и практикување на неколку спортови. Веќе имаме најави за одржување на спортски подготовки во салата, а во иднина очекувам многу натпревари да се одржуваат во Крушево. Да не заборавиме во каква состојба беше салата, целосно уништена, со проблем со поплавување и нефункционална, и во која состојба ја доведовме денес, целосно оспособена, со решен проблем од поплавување, целосно опремена и со партерно уредување.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Реконструкцијата на спортската сала, опремувањето и партерното уредување е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, пот проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.