Во петок трета форумска сесија

Третата форумска сесија во рамки на Проектот за зајакнување на општинските совети ќе се одржи во петок, 14.08.2020г., во 13 часот во дом на култура Наум Наумовски Борче.

На оваа сесија ќе се презентираат предлог-проектите по претходна подготовка на предлог-концептите.

По презентацијата на проектите ќе се одржи 4-та сесија на која ќе се гласа за најдобриот проект.

Форумските работилници се дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.