Затворена „Десет дена Крушевска Република“

Со спуштање на бајракот на слободата синоќа, 10.08.2020г., се одржа свеченото затворање на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

Манифестацијата оваа 2020-та година се одржа во изменета форма со редуцирана програма и почитување на мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот. Покровител на овогодинешната манифестација беше ТТК банка која во рамки на настанот ги промовираше поволностите за мобилно банкарство во насока на заштита на своите клиенти.

Преку социјалните мрежи градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека херојството на борците за слобода е аманет за иднината.

„Го спуштивме бајракот на слободата и ја затворивме Манифестацијата НКС “Десет дена Крушевска Република”. Нека е вечен споменот на Илинден, а херојството на борците за слобода нека бидат аманет за иднината.“, изјави градоначалникот Христоски.