За прв пат пливачки маратон на Крушевско Езеро

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање. Маратонот во должина од 2,5 км е во организација на пливачкиот клуб Вардар 2018 со поддршка на општина Крушево.

Маратонот го носи името на Тоше Проески.

📣🔜🆕Пливачки Клуб ВАРДАР 2018 на ден 09.08.2020 год, го организира Првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” кој што воедно е и ПРВ маратон и натпревар организиран во Крушево‼️🏆👏💯

Маратонот ќе се одржи на Крушевското езеро, трката ќе биде кружна која ќе биде во должина од 2,5 км. 🏊‍♀️🏊‍♂️🏊
Се надеваме на успешен маратон и маратон кој што ќе стане традиција во нашата земја!!🎊 🎊 🎉
Името на овој маратон го одбравме во чест на нашата легенда Тоше Проески❤️
#PKVARDAR2018. , стои во објавата на пливачкиот клуб Вардар 2018.

„Ова е нова атракција во Крушево, нова причина многу туристи да дојдат тука. Крушевското Езеро е особено популарно откако се асфалтира патот до истото и секојдневното одржување на патеките за трчање и возење велосипед носи многу луѓе тука. Ги поканувам сите да не посетат за Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република и воедно да го проследат овој нов тип на настан во Крушево во недела“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.