Честитка на градоначалникот за Курбан Бајрам

Почитувани сограѓани и пријатели,

Ви го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Ова е празник на меѓусебното почитување, толеранција и помош едни на други. Празникот нека донесе благосостојба во сите семејства и мир на сите верници од исламска вероисповест.

Овој празник годинава се одбележува во несекојдневни услови и во таа насока апелирам да ги почитуваме мерките, да бидеме одговорни и на таков начин да се одбележи празникот.

Нека е за многу години,

Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.