Изградбата на повеќенаменско игралиште во Алданци привршува

Изградбата на повеќенаменското игралиште во с. Алданци, општина Крушево, е во завршна фаза. Во текот на денешниот ден се очекува завршување со асфалтирање по што ќе се постават соодветни содржини.

„Го градиме ова игралиште затоа што имавме многу барања од младите од ова населено место за спортски содржини. Изградивме едно детско игралиште претходно и со ова повеќенаменско ги збогатуваме содржините за младите. Важно е што градиме за младите подеднакво и во градот и во населените места и не застануваме тука“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.